М-Р ЗОРАН СТАВРЕСКИ - ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА
Датум на раѓање
29 Октомври 1964
Охрид, Република Македонија
Брачен и фамилијарен статус
Женет, 1 дете
Познавање на странски јазици
Англиски
КВАЛИФИКАЦИИ
Десетгодишно искуство во развојни политики, со фокус на јавниот сектор и макроекономска политика. Долгогодишно практично искуство во изработка и спроведување на економски политики и институционални реформи. Истражувачка и едиторска работа на тема буџетска поддршка. Одлични аналитички и истражувачки способности.
Богато практично искуство на дијалог и економска соработка со меѓународните финансиски институции и развојните организации (ММФ, СБ, ЕУ, ЕБРД, ЕИБ, Советот на Европската Развојна Банка, УСАИД) и Македонија. Искуството вклучува експертиза и од земјите во транзиција (Република Македонија, југоисточна Европа) и од меѓународните финансиски институции. Познавач на политиките и оперативните процедури на Светската банка.
РЕГИОНАЛНО ИСКУСТВО
Европа и Централна Азија (Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово), франкофонска Африка
ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО
Заменик - претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања од август 2006 година и реизбран во јули 2008 година
- Ги координира министерствата од економската област: политики, проекти и реформски активности на Владата, вклучувајќи даночни реформи, регулаторна реформа, реформи во Катастарот, промоција на домашни и странски инвестиции, инвестиции во инфраструктурата, земјоделска политика и енергетски сектор.
- Ги води преговорите со меѓународните финансиски институции.
- Го води дијалогот помеѓу Владата и бизнис заедницата.
- Координатор на економските критериуми за членство во ЕУ.
- Стратешки координатор за регионален развој и развој на човечките ресурси – компоненти на ИПА – инструмент за претпристапна помош од Европската комисија.
- Избран за Претседавач на годишните состаноци на Светската банка и ММФ за 2008 година.
февруари 2006
Светска Банка - Водечки економист за развојни политики во одделението за Операциони политики и услуги за земјите членки ( Operational policy and Country Services Units )
- Преглед на развојните операции и политики на Светската Банка во сите региони, изработка на коментари и присуство на состаноците на регионалните оперативни комитети
- Секојдневна советодавна поддршка на шефовите на тимовите на проектите во земјите членки на СБ при дизајнирањето на развојните политики содржани во проектните документи за развојните кредитни операции на Банката
- Преглед и изработка на коментари на доставените Стратегии за поддршка на земјите ( Country Assistance Strategy ) за сите региони на Банката, изработка на советодавни коментари за генерални стратешки прашања, дизајн, кредитни и некредитни програми, матрици во документите, итн .
- Член на едиторскиот одбор и автор на еден текст во книгата - Буџетска поддршка
септември 2005
Светска Банка - Консултант во одделението за Операциони политики и услуги за земјите членки ( Operational policy and Country Services Units )
- Ко - автор на истражувачки материјал за буџетската поддршка, презентиран како дел од материјалот - Преглед на условните политики на Банката
- Ко-едитор на публикацијата за буџетска поддршка, базирана на материјалите презентирани на конференцијата одржана во Кејп Таун, Јужна Африка во мај 2005 година
март - август 2005
Светска Банка - Консултант во одделението на Европа и Централна Азија за намалување на сиромаштијата и економски менаџмент
- Истражување на јавните расходи во југо-источна Европа (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Косово, Македонија и Албанија)
- Автор на две поглавја во регионалната студија за Политиките на јавните расходи во југо - источна Европа
2001 - 2004
Светска Банка - Советник на Извршниот директор во Холандската конституенца
- Советник во Извршната канцеларија на Холандската конституенца за Република Македонија и Босна и Херцеговина. Комуникација со властите и тимовите на Светската Банка за прашања од интерес на двете земји, формулација и имплементација на аранжманите
- Советник на тимовите на Светска банка и Меѓународната финансиска корпорација ( IFC ) од 25 земји од франкофонска Африка. Комуникација со тимовите за проектите и прашања од интерес на земјите
јануари 2000 - април 2001
Потсекретар во Министерството за финансии на Република Македонија,
- Координирање и управување на активностите во четири сектори на министерството: меѓународни финансии, макроекономска политика и анализа, финансиски сектор и даночна политика
- Советник на министерот за финансии за макроекономската политика и структурните реформи
- Активен учесник во изработката и спроведувањето на реформите во банкарскиот систем и финансискиот сектор
- Координатор на реформите на платниот систем
- Активен учесник во изработката и спроведувањето на проектот за воведување на данокот на додадена вредност
- Координатор на Стратегијата за управување со јавниот долг
- Член на комитетот за реформи во јавната администрација
- Член на тимот на Владата на Република Македонија за преговори со Меѓународниот Монетарен Фонд
- Координатор на целосното портфолио на Светската Банка за Република Македонија, вклучувајќи го и аранжманот за структурно прилагодување на финансискиот и реалниот сектор ФЕСАЛ и аранжманот за управување на јавниот сектор ПСМАK
1997 – 2000
Народна Банка на Република Македонија
Директор на Дирекцијата за истражување
- Координирање и управување на работата во Дирекцијата
-Формулирање на монетарната политика во координацијата со останатите дирекции во Банката
-Изработка на проекција на монетарната политика и нејзина имплементација
- Едитор и изработувач на редовни и повремени публикации (Годишен извештај, квартални публикации и работни материјали)
- Член на преговарачкиот тим на Централната Банка за преговори со Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската Банка
1993 - 1997
Истражувач , Дирекција за истражување
- Дел од тимот за изработка на Годишниот извештај и останати публикации на Централната банка
- Дел од тимот за изработка на проекцијата на монетарната политика
- Учесник во тимот за усогласување на монетарната статистика со меѓународните стандарди
- Член на оперативниот тим на Централната Банка за преговори со Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската Банка
ОБРАЗОВАНИЕ
- Магистерски труд на тема: Избор на оптимална монетарна стратегија и инструменти - случајот на Република Македонија; Универзитет Кирил и Методиј, Економски Факултет, Скопје, 1997
- Дипломиран економист, 1987; Универзитет Кирил и Методиј, Економски Факултет, Скопје