Коњско – Кожуф, 8 март 2009
Вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска го поставија камен-темелникот за изградба на регионалниот пат Р-112 Коњско - Кожуф со должина од 17,5 километри.
Проектот е дел од планот на Владата за обнова на патната мрежа на државата. Со изградбата на овој патен правец, покрај тоа што се поврзуваат два региона, се воспоставува и директна врска меѓу општината Гевгелија и скијачките терени на Кожуф.