Скопје, 02 април 2009
Вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за информатичко опшество Иво Ивановски и в.д. градоначалникот на општина Карпош Сашо Димиќ денеска го промовираа проектот за изградба на Национален фудбалски тренинг - центар на просторот зад салата „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар палас“ во општина Карпош. Изградбата на центарот ќе чини околу три милиони евра, а ќе се реализира со пари на УЕФА на државно земјиште со површина од околу 10 хектари, отстапено без надомест од Владата на Република Македонија, а општина Карпош ќе се откаже од комуналиите за објектите што ќе се градат.