Субвенции во земјоделството

Во насока на поттикнување на развојот на земјоделството, Владата на Република Македонија ги зголеми буџетските субвенции за три пати во 2007 година, односно за шест пати во 2008 година во однос на периодот од 2003 – 2006 година. Во следните години предвидени се  субвенции од 70 милиони евра (2009), 100 милиони евра (2010), 115 милиони евра (2011) и 130 милиони евра (2012).



Година

Вк. финансиска поддршка во денари

Вк. финансиска поддршка во евра

2003

430.000.000

7.014.682

2004

443.635.878

7.237.127

2005

472.361.069

7.705.727

2006

1.060.702.971 (од кои само 415.000.000 од претходната Влада)

17.303.474

2007

1.326.460.093

21.638.827

2008

2.767.500.000

45.000.000

2009

4.305.000.000

70.000.000

2010

6.150.000.000

100.000.000

2011

7.072.500.000

115.000.000

2012

7.995.000.000

130.000.000

Досега се спроведени или тековно се реализираат следите мерки и активности:

  1. Намалување на ДДВ за земјоделските репроматеријали и механизација од 18 на 5%.
  2. Нова, праведна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште на вистинските производители, давање можност за доделување земјиште на плодоуживање на индивидуални земјоделци со јавна и транспарентна процедура.
  3. Финансиска помош за производителите на млеко за купување на нов поквалитетен сточен фонд и апарати за чување на млекото, со што приносот ќе се доближи до европскиот просек од 6.000 литри млеко годишно од една крава (сега е двојно понизок).
  4. Поддршка на производителите на пченица, јагнешко месо и други земјоделски производи. Дополнителни 300 милиони денари за набавка на добиточна храна за стоковите резерви. (10.000 тони пченка и 10.000 тони јачмен).
  5. Проект Програма за рурален развој – симулација на користење на идните ИПАРД фондови.
  6. Проект “Буџетска поддршка за започнување на производство на органски здрава храна”. Субвенции за производителите на органска храна.
  7. Проект “Субвенциите за растителното производство и говедарството”. Земјоделците од 10 подрачни единици ги добија субвенциите за пченицата, за подигање нови лозови и овошни насади, за алтернативни култури и маслодајните - сончоглед, маслодајна репа и соја како и субвенциите за говедарството.
  8. Дополнителни два милиони евра за сточарството за сите категории сточен фонд, поради високите цени на добиточна храна на светскиот пазар. Два милиона евра ќе се пренасочат на одгледувачите на говеда, јагниња, свињи, живина и кози. Тоа е  за 400 проценти поголема поддршка на одгледувачите на млечни крави, телиња, јунци и други говеда, во споредба со 2006 година.
  9. Воведување македонски стандарди и сертификати за производство на органска храна (со лого “здрава храна”).
  10. Проект “Пописот на земјоделство”. Државниот завод за статистика на Република Македонија спроведе Попис со кој се  обезбедија официјални статистички податоци за состојбите во македонското земјоделство.
  11. Организирање на меѓународен саем AgroFood 2007.
  12. Организирање на  Регионалниот Министерски Форум за рурален развој.
  13. Воведување мерки за спроведување стандарди за квалитет и безбедност на храна, што меѓу другото опфаќа и поддршка за сертификација преку покривање 50% од трошоците. За оваа намена се планирани вкупно 9,2 милиони денари.  
  14. Изработка на ИПАРД Планот (во моментов во МЗШВ се наоѓаат претставници на ЕК со цел да дадат официјални коментари на планот). Предвидено е одобрување до крајот на годината, по што следи акредитација на Платежната Агенција (потребни се 13 месеци за акредитација на Платежната Агенција откако ќе се одобри ИПАРД Планот). Се очекува conferral of management во 2009 година.
  15. Исплата на заостанатите обврски кон работниците во водостопанските претпријатија, кои претходната влада не ги исплатила иако преземала обврска кон нив и кон Светската банка. Владата обезбеди 74 милиони денари, односно 1,2 милиони евра.
  16. Организирање на 4-та меѓународна конференција за вино – „Реформите во винскиот сектор на Европската унија и последиците за земјите на Југоисточна Европа”.  
  17. Заштита на името „ајвар”, македонски производ и проширување на листата на земјоделски производи и нивна промоција на надворешните пазари. декември 2007 година.
  18. Зголемување на понудата на поволни рурални кредити и подобрување на пристапот на земјоделците кон долгорочни кредити за купување земјиште.
  19. Чистење на каналите за наводнување и превентива од поплави како заштита на земјоделските површини.
  20. Одржување на постоечката мрежа за наводнување и обновување на запуштените капацитети преку правилно користење на средствата за капитални инвестиции и странските донации.
  21. Заштита на шумите преку спречување на нивното неконтролирано сечење и зголемување на шумскиот фонд.
  22. Пошумување на опожарените површини во Република Македонија.“- определена цена за санирање на опожарени места во текот на 2008 година
  23. Порибување на Охридското Езеро со пастрмки пуштени околу 200 илјади единки млада пастрмка одгледани во Хидробиолошкиот завод во Охрид.
  24. Набавка на земјоделска механизација - трактори за потребите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку меѓународен тендер.
  25. Основање на АД за промоција и продажба на вишоци на земјоделски производи заедно со Soli Group од Израел (51% капитал на Soli Group и 49% на Владата на РМ).
  26. Регионален проект за органско производство – Развој и Мониторинг на органското производство во регионот на Југоисточна Европа (Македонија, Црна Гора и Србија.
  27. Проект „Биди земјоделец“ продолжување на Кампањата.
  28. Кредитирање преку Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд. Каматната стапка кон крајните кредито-корисници е 4% на годишно ниво за кредитите за примарно земјоделско производство и 5% на годишно ниво за кредити за преработка и трговија со земјоделски производи за кредити пласирани преку деловните банки, додека за кредитите пласирани преку штедилниците каматната стапка за крајните кредито-корисници да изнесува 6% и 6,5% на годишно ниво респективно;
  29. Проект “Регистрација за секој земјоделец во 2008 год”. Владата ќе одвои по 2.000 денари за регистрација на секој земјоделец.
  30. Субвенција за оризот преку стимулација  со 100 евра од хектар.
  31. Потпишан Договорот за изградба на ветеринарно-фитосанитарни објекти на граничниот премин на скопскиот аеродром. Воспоставувањето интегрирано гранично управување ќе овозможи побрз проток на пратки и храна од животинско и растително потекло според критериумите на Европската унија.
  32. Донесен е нов Закон за рибарство и аквакултура. Концесионерите на езерата се задолжени да изградат риболовни пунктови каде ќе се контролира уловената риба. Освен за контрола, тие ќе служат за тргнување и за враќање на рибарските кајчиња, за продавање на уловената риба. Ќе се стави крај на злоупотребите со инсталирањето ГПРС опрема за следење на рибарските пловни објекти.
  33. Субвенции за рибарството – за прв пат владата ќе додели субвенции за рибарството. Предвидени се вкупно 14,2 милиони денари од кои 3 милиони за концесионерите на езерата за порибување.

 

Програма за субвенции за 2008 година  во вкупен износ од 45 милиони евра:

      Субвенциите за произведен и откупен тутун во 2008 година изнесуваат 30 денари по килограм. Тоа е историски највисок износ на субвенции за тутунот и е двојно повисок во однос на 2006 и 2007 година кога беа исплатени 15 денари по килограм.

      Стимулацијата за овие житни култури е 100 евра по хектар. Тоа ќе овозможи земјоделците да покријат значителен дел од трошоците за производство и да имаат пари за извршување на сите агротехнички мерки, со што ќе се добијат повисоки просечни приноси. Мерката оваа година се однесува на сите производители на житни култури со минимална површина од половина хектар и повеќе.

      Субвенција за кравјото, овчото и козјото млеко за 2008 година изнесува 2 денари по литар со услов потврда за предадено млеко во млекарниците. Оваа мерка ќе ја зголеми конкурентноста на млекопроизводителите и ќе се зголеми производството на млеко. Субвенцијата ќе ја користат сите млекопроизводители, што значи и фармерите кои имаат помалку од 5 крави.

      Субвенцијата во 2008 година за лозарите изнесува 2 денари по килограм предадено грозје во винарска визба. Истовремено предвидена е финансиска поддршка за нови насади во износ од 120.000 денари по хектар. Ефектот од овие мерки е двоен: зголемување на засадените површини со лозови насади и мотивирање на лозарите да го предаваат грозјето на винариите, со што ќе се намали извозот на винско грозје во гајби, а ќе се зголеми извозот на  вино.



Во делот на овоштарството предвидена е субвенција за подигање на нови овошни насади во износ од 75 илјади денари по хектар.

      Финансиската поддршка во 2008 изнесува 500 денари по грло под услов да е заклано во кланица.

      Субвенцијата во 2008 година изнесува 1200 денари по задржано женско јагне, односно 500 денари по грло кај козите.

      Ќе се субвенционира 8 денари од грло за кокошки заклани во кланица, односно 10 денари за предаден бројлер во кланичните капацитети.

      Во 2008 ќе се даваат субвенции во износ од 8.500 денари по хектар за производство на индустриска пиперка, домати, феферони, корнишони и гамби предадени во преработувачката индустрија. Со тоа преработувачките капацитети ќе имаат доволно суровини за производство и извоз на производи со повисока додадена вредност.



Истовремено ќе се даде финансиска поддршка за оранжериското производство во износ од 50 000 денари по хектар.

      Финансиската поддршка за органското производство е зголемена на 20 милиони денари во 2008 година, што е два пати повеќе во однос на минатата година

      Сите мерки за поддршка за младите фармери до 40 години ќе бидат одобрени со двојно пониски критериуми, а за земјоделците во ридско-планинските подрачја покрај повластените критериуми, износот на субвенции ќе биде зголемен за 10%.